Ноќници
-
-
-
-
-
-
-
-
-
Ноќница »Nina«
As low as 1.868,00 ден Regular Price 2.669,00 ден Најниска цена во последните 30 дена: 2.669,00 денQuickview -
Ноќница »Nina«
As low as 1.868,00 ден Regular Price 2.669,00 ден Најниска цена во последните 30 дена: 2.669,00 денQuickview -
Ноќница »Flowers«
As low as 1.170,00 ден Regular Price 2.339,00 ден Најниска цена во последните 30 дена: 2.339,00 денQuickview -
Ноќница »Daydream«
As low as 2.806,00 ден Regular Price 4.009,00 ден Најниска цена во последните 30 дена: 4.009,00 денQuickview
Ноќницата е како фустанче за спиење, кое нежно паѓа преку вашето тело. Обично е украсена со детали, како што се тантела и вез на деколтето или на долниот раб. Исто така, на неа можат да се најдат и декоративни панделки, џепчиња и копченца. Има повисок или понизок изрез на вратот, ракавите можат да бидат долги, кратки или воопшто не мора ни да ги има, додека делот на грбот и прерамките се разликуваат со оглед на годишните времиња и намената. Самата ноќница може да биде долга или кратка.
Кратката ноќница има своја исклучително секси варијанта – бебидол. Разликата меѓу кратка ноќница и бебидол е како меѓу кратко здолниште и мини. Бебидол е многу кратка ноќница, која едвај го покрива задникот, често е исклучително секси со тул, вез или тантела, додека кратката има дoлжина некаде до колена.
ТРИ ИДЕИ ЗА НОСЕЊЕ НОЌНИЦА
1. За спиење
Најчесто ноќницата се носи за спиење. Наменета е за целосно опуштање при ноќен одмор, што може да продолжи и во мрзливо утро со миризливо кафе. Облечете ја кога ќе посакате да се чувствувате лесно.
2. За вечерна романтика
Кратката секси ноќница со заводливи детали е вистински избор за романтична вечер, на која ќе го заведете својот сакан. Под ноќницата облечете привлечна долна облека, а можете и целосно да го изненадите па одоздола да носите само подврска. Заскокоткајте ја неговата фантазија.
3. Како горна облека
Ако наутро сте сосема сигурни дека ноќницата во која синоќа сте спиеле е најудобното парче што некогаш сте го имале и изгледа одлично дури и за излегување надвор, не се ограничувајте. Облечете чевли и излезете. Зошто да си го прекинете феноменалното чувство, кога можете да си го задржите во текот на целиот ден.
Некои ноќници изгледаат токму како дневни фустанчиња и нема причина некој да се посомнева дека вашиот избор за дневна облека е нешто друго, освен тоа. Се разбира, доколку не одлучите да ја откриете својата тајна.