За нас
Најпрво беа соништа. За жените. За удобноста. За убавината. За облеката. Приказната за Лисца започнува во 1955 година кога ентузијастичките соништа почнуваат да се претвораат во реалност. Со тешка работа, напредни идеи, љубов кон модата и страст кон убавината, Лисца станува една од водечките производители на долна облека и костими за капење во Југоисточна Европа.
Европски дизајн, уникатни креации, потполно прилегање, квалитет и удобност.
Ова се само некои од причините зошто жените со задоволство се враќаат во продавниците на Лисца во повеќе од 40 земји.
Историја
1955: ПочетокВо мала занаетчиска работилница, тим од 5 соработници најпрво изработуваат вратоврски и поправаат чорапи. Но, набрзо доаѓаат до сознание дека градниците се ретки и многу барани. Тие го истражуваат пазарот, а сé друго е резултат на имагинација и умешност. Во тие денови градниците се направени од дамаск и брокат и помалку пријатни отколку денес. Со градникот Мајда, Лисца станува препознатлива низ цела Југославија. |
1964 година: Влегување на странски пазариПобарувачката за долна облека сé повеќе се зголемува, па понекогаш е тешко да се задоволат потребите на пазарот. Компанијата се шири, а потребното знаење е обезбедено со посебно образование за шивачи, кројачи…. Во 1964 година, Лисца успешно се пробива на германскиот пазар, а набргу потоа започнува со продажба и во други европски земји, Африка, САД и на Арапскиот Полуостров. |
1969 година: Костими за капење?Кон крајот на шеесеттите, луѓето сé почесто одат на одмор, затоа Лисца воведува програм на костими за капење. Во современите модели се вградени знаењата и искуствата стекнати при дизајнирање на долната облека, а колекцијата не била само удобна, туку и модерна и интересна како за домашните така и за странските клиенти. |
1970: Прв push up градникВо почетокот на седумдесеттите, Лисца за прв пат претставува push up градник. Градникот Мануелa со закопчување на предниот дел е еден од најпродаваните модели сé до 90-тите години, а негова амбасадорка била Саша Зајц - Мис Европа во 1969 година. |
1974: Нови капацитети за производство и складирањеСедумдесеттите се период на голема инвестиција. Завршени се новите капацитети за производство и складирање. Во тоа време, најмодерниот магацин со полици е и најголем во Источна Европа. Почнува да се користи деловен компјутер, прв во тој дел на Европа, па така Лисца станува и технолошки центар за локалното опкружување. |
1978: Револуција во леснотијаКон крајот на седумдесеттите, се случува уште една револуција - Лисца го претставува градникот со обликувани корпи, што било голема технолошка новина во тоа време. Градниците биле полесни, корпите безрабни и привлечни под тенка горна облека. На фотографиите било препознатливото лице на Лисца, познатата словенечка манекенка Нина Газибара а градникот на сликата станал хит и во Советскиот Сојуз. |
1983: Горна облекаВо 1983 година, Лисца ја заокружува својата понуда со програма на женски блузи и кошули, познати на потрошувачите под името Фокси. Модните креации биле претставувани на разни саеми во поранешна Југославија,како и во Дизелдорф, Лион ..., а дизајнерите на Лисца добивале бројни меѓународни награди за нив. Поради потребата за поголема независност при набавка на квалитетни материјали, во 1983 година е основана Инплет - сопствена компанија за производство на материјали за облека. |
1988 година: Костими за капење: смели и во бојаШто се однесува на костимите за капење, жените тогаш можеле да си дозволат повеќе - преовладувале силни бои и разиграни мотиви, но и смели модели. Една од иновациите кај костимите за капење се гаќичките без рабови. А осумдесеттите, модата ја разбранува пристигнувањето на танга - гаќичките кои целосно го разоткриваат задникот и рушат многу социјални предрасуди. Лисца за прв пат ги претставила на германскиот пазар. |
1995 година: Врвен бренд ЛисцаВо 90-тите години, Лисца почнува соработка со голем број признати странски модни брендови, дизајнирајќи и создавајќи долна облека и костими за капење за нив. Но, сé повеќе енергијата ја насочува во етаблирање на сопствениот бренд. Така, во 1995 година, Лисца почнува да работи како уникатен врвен бренд и формиран е нов севкупен графички идентитет. |
2002: Cheek by LiscaЛисца во Европа се етаблира како елегантен, женски бренд. Во овој период, таа во колекцијата ги вклучува и младешките, разиграни модели под брендот Cheek by Lisca. Важен дел од колекцијата е и сексипилната и екстраваганта долна облека, сега препознатлива под линијата Lisca Selection. |
2008 година: Лисца Е-продавницаНовиот милениум го смени начинот на кој комуницираме, но и начините на кои продаваме. Сé повеќе бараме информации на Интернет, од каде што и купуваме. Производите на Лисца беа достапни во нејзината е-продавница уште во 2008 година. |
2010: Проширување на малопродажната мрежаПродажното место е огледало на брендот, затоа Лисца стратешки се фокусира на интензивно проширување на продажната мрежа низ цела Европа. Продавниците се опремени во согласност со трговските стандарди на Лисца со што обезбедуваат пријатно чувство при купување. Со логото на Лисца има повеќе од 130 продавници , а производите на Лисца се присутни и во бројни агли на специјализирани продавници за долна облека. |
2012 година: Lisca Men - првпат долна облекаиза мажиЛисца првенствено е позната како бренд што ја слави женската убавина. Но, исто така познато е дека жените се тие кои најчесто купуваат долна облека за мажите. Со новата колекција на долна облека за мажи Lisca Men, сега можеме на едно место да избереме удобна интимна облека за двајцата. |
2013: Лисца од Ивана ШундовЛисца ја поканува на соработка водителката која како во Словенија, така и во Хрватска е позната по нејзиниот секогаш префинет стил - Иван Шундов. Таа го прифаќа дизајнирањето на горна облека како предизвик, а резултат на искуството, бројните разговори и рефлексии е колекцијата Lisca by Ivana Šundov, која може да ја носи секоја жена а е составена од парчиња кои мора да бидат во гардероберот на секоја од нас. |
2015: Гала модна ревија за одбележување на 60-годишнинатаЛисца многу пати била заслужна за модни спектакли за кои уште долго се зборува и кои се прогласени за модни настани на годината. Своите 60 години модна креативност, Лисца ги круниса со гала-моден настан во Порторож, на кој присуствуваа деловни партнери од странство и домашни ѕвезди. Спектаклот воодушевуваше со оригинални креации, ексклузивно за овој настан беше дизајнирана уникатната, гламурозна и раскошна линија за долна облека Lisca Prestige. |
2018: ProudToBeMe и позитивен став за себеЛисца сé повеќе активно е вклучена во поттикнување на позитивниот став за себе. Дека сме прекрасни такви какви што сме и дека изгледот не е единственото нешто што нé карактеризира, порачува преку кампањата „Горди на себе“. Жените со различна градба и големина помагаат ова општествено одговорно крило да се шири и на модните настани во центрите на Љубљана, Милано, Скопје и Белград. |
2019: Во Кан по награда »Creative Excellence Award 2019«Како дел од меѓународната манифестација на саемот Маре ди Мода, Лисца ја добива престижната награда »CREATIVE EXCELLENCE AWARD 2019«. Секоја година, организаторите на саемот доделуваат награди на брендовите кои се истакнуваат со извонредна креативност, развој, иновација и квалитет. Лисца беше избрана како пример за компанија што ја спојува традицијата со современоста, посветувајќи големо внимание на изборот на материјали, а истовремено динамично се прилагодува на промените на пазарот. Со кампањата #ProudToBeMe, таа исто така ја започна важната инклузивна порака за позитивен став за себе и силна женственост. |