Материјали
Материјал/влакно | Ознака | Карактеристики |
ПРИРОДНИ ВЛАКНА | ||
БАМБУС | Потполно природни влакна – мешавина од бамбус и еко памучни влакна; пријатно чувство на ладење. | |
ПАМУК | CO/BW | Природно влакно од билно потекло–материјал кој добро впива. Може да се пегла и на повисоки температури. Со посебна обработка памукот може да добие сјаен изглед, се отстранува туткањето и се смалува собирањето. |
СВИЛА | SE | Природен материјал со луксузен изглед, пријатен на кожата. Бара повеќе нега во одржувањето. |
LAN | LI | Материјалот многу добро впива, има природен сјај. Може да се пере и пегла на високи температури. |
ВЛАКНА ОД ПРИРОДНО ПОТЕКЛО | ||
ВИСКОЗА | VI | Регенерирано целулозно влакно. Материјалот е пријатен на допир и благодарејќи на воздушноста е пријатен за носење. |
МОДАЛ | CMD | Регенерирано целулозно влакно со голема цврстина и висок модул на еластичност во вода. Материјалот е пријатен на допир, помек е од вискозата и благодарејќи на воздушноста е пријатен за носење. |
ACETAT | Модифицирана целулоза. Материјалот има благороден изглед, убаво паѓа и полн е на допир, малку се тутка. Се одржува на пониски температури. | |
ВОЛНА | WO | Спаѓа помеѓу природните протеински влакна од животинскопотекло – влакно од овца од различно потекло. Многу е хидроскопно – на себе може да превземе и до 40% влага. Волната спаѓа помеѓу најлесните природни влакна и е многу елстична. Волната е материјал со најголема впивливост (до 33% без да почуствуваме дека е мокра); добар топлински изолатор (штити од мраз и топлина) и малку се тутка: бара посебна нега – рачно перење на ниска температура, нежна грижа и специјални средства за перење. |
СОВРЕМЕНИ ВЛАКНА | ||
ПОЛИАМИД | PA, PA6, PA66 | Синтетичко влакно, цврсто и издржливо, не се тутка. Одржувањето на ниски температури е едноставно. |
ПОЛИЕСТЕР | PES | Синтетичко влакно, слично на волна, свила или памук. Полиестерот е цврст, издржлив, не се тутка и не се собира. Негата е едноставна, а и брзо се суши. |
ЕЛАСТАН | EL | Материјал кој има висока растегливост и еластичност, во мешавина со други влакна се користи за производи кои се припиваат на телото. |
ПОЛИУРЕТАН | PUR | Спаѓа меѓу хемиски влакна изработени од синтетички полимери. Полиуретанот е составен од ланец на органски единици поврзани со уретански врски. Полиуретанските формулации се прават со широк спектар на крутост, тврдина и густина. Полиуретаните се користат за изработка на најразлични прилагодливи пени, подлоги, крути пени итн. |
МЕТАЛНИ ВЛАКНА | ME | Металните влакна првенствено се појавуваат кај ткаенините и везовите. Со тек на време, значајно се промениле материјалите и начинот на изработка на влакната – денес најчесто се користат метални влакна од алуминиум. |