Политика за приватност

Оваа политика за приватност Ве информира во однос на личните податоци кои нашата компанија и нејзините партнери ги обработуваат за вас кога ја користите нашата веб страна. При собирање на овие информации, ние дејствуваме како контролор во согласност со Законот за заштита на личните податоци и согласно истиот ние сме должни да ве информираме за обработката на вашите лични податоци. Обработката на вашите лични податоци ја сметаме за многу сериозна активност и ги преземаме сите неопходни технички и организациски мерки за заштита на обработката на вашите лични податоци.

Оваа политика се однесува на посетителите кои ја посетуваат нашата веб страницата и корисниците кои се регистрираат на неа со цел користење на услугите кои ги нудиме.

Кои сме ние?

Ние сме „Друштво за производство, трговија и услуги ЛИСЦА ДОО Скопје“, со седиште на ул. „Прашка“ бр.23, Скопје, контакт е-пошта: [email protected], телефон за контакт: +389 70 316 441

Лисца доо Скопје е дел од групацијата ЛИСЦА ДОО Словенија со седиште во Република Словенија.

Овластено лице за заштита на личните податоци – Офицер за заштита на личните податоци е:
Јулијана Казакова Казанџиска, контакт маил: [email protected] контакт телефон: +389 70 316 441

Чии податоци обработуваме?

- Посетители на веб страницата – податоци за навигација
- Корисници на услугите – регистрирани во нашата веб страница
- Посетители на веб страницата – членови за добивање на бенефиции, купони со попусти
- Анонимни купувачи   

Како ги собираме Вашите лични податоци?

Вашите лични податоци кои ги обработуваме односно прибираме за време на вашата посета во нашата веб страна, се податоци кои вие доброволно ги доставувате до нас за конкретни цели односно за добивање на соодветна услуга.

Собраните податоци од нашата компанија можат да бидат обработени за следниве цели:

- За да ја обезбедиме бараната услуга, коja вклучува и обезбедување на информации за нашите производи и услуги,
- Заради исполнување на законски обврски што ЛИСЦА е должна да ги почитува,
- За анализирање на посетите на нашата веб страница, идентификување на корисниците како и за одржување на информациска сигурност на нашата страница,
- За одговор на вашите прашања и барања преку нашата веб страница и социјалните мрежи,
- За директен маркетинг доколку имате дадена согласност за обработка
- За учество во наградни игри
- За добивање на попусти

Како ги користиме личните податоци?

Кога ја користите нашата веб страница
Кога купувате производ од нашата веб страница – регистриран и анонимен купувач
Кога се зачленувате за новости и добивање на попусти – е новости
Е - награди
Вашите права како субјекти на личните податоци
Вашето право на поднесување на барање до АЗЛП
Ажурирање на оваа политика

Кога ја користите нашата веб страница
Кога ја користите нашата веб страница за навигација на продуктите и услугите кои ги нудиме, одредени колачиња се употребени од наша страна за да се овозможи нормална функција на веб страницата како и да овозможи поефикасно користење на можностите на веб страницата.

Некои од колачињата се употребени поради неопходност на самата веб страница да функционира нормално, дел се многу корисни за да се овозможи поефикасно користење на веб страницата. Повеќе информации во однос на користење на колачиња можете да најдете во Политика за колачиња.

Податоците кои се собираат за навигација на нашата веб страна се:

- Вашата интернет – протокол адреса
- Уредот од кој пристапувате, вид и модел,
- Датум и време на посета
- Прелистувач односно пребарувач кој го користите
- Страните кои ги посетувате на нашата веб страница
- Бројот на корисници кои го гледале продуктот

Со цел да се обезбеди поголема безбедност и доказ за безбедност, се собираат и IP адреси со кои корисниците пристапуваат до веб-страницата. На секој корисник на почеток на посетата му се дава колаче за сесија за идентификација и следење на потрошувачката кошничка. Лисца д.о.о. Скопје може да припреми и други колачиња на корисничкиот компјутер, како што се идентификациски број на корисникот во шифриран облик (за препознавање на корисникот при следната посета) и колачиња на системот Google Analytics (анализа на посетите на веб страната).

Кога купувате производ од нашата веб страница – регистриран и анонимен купувач
Во образецот за регистрација кој го пополнува Корисникот при прифаќање на условите за креирање на корисничка сметка, ЛИСЦА ДОО Скопје јасно укажува на задолжителна или доброволна природа за доставување податоци и последиците од одбивањето истите да бидат доставени. Согласувајќи се со Условите за користење и оваа Политика, Корисникот се согласува дека корисничките информации може да се обработуваат согласно предвиденото во нив.

Лисца д.о.о. Скопје за потребите при работењето ги собира следните личните податоци:

- име и презиме,
- адреса и место на живеење,
- е-пошта,
- телефонски број за контакт,
- лозинка во шифриран облик и
- останати податоци кои корисникот ги внесува во обрасците на нашата веб страна.

Лисца д.о.о. Скопје не е одговорна за точноста на податоците кои ги внесува корисникот.

Во е-продавница Лисца д.о.о. Скопје секој може да се регистрира како корисник. Содржината на е-продавницата достапна е и за анонимни нерегистрирани корисници (гости). Регистрираните корисници во процесот на регистрација ги проследуваат бараните податоци. Секој регистриран корисник добива свое корисничко име и лозинка, кое е тајна. Корисникот е должен да гарантира дека со своето корисничко име и лозинка ќе управуваа лично или од него овластено лице. Секој корисник е лично одговорен за содржината што ја запишува на Лисца д.о.о. Скопје. Купувач во е-продавницата Lisca.com е регистриран корисник или нерегистриран корисник (гостин) кој купува стоки за своja потреба или непрофитна дејност. На веб-страната Lisca.com, купувач е исклучиво физичко лице.

РОК НА ЧУВАЊЕ И БРИШЕЊЕ НА ПОДАТОЦИ
Лисца д.о.о. Скопје во целост ги почитува и применува начелата поврзани со обработката на лични податоци предвидени во ЗЗЛП, при што вашите лични податоци се обработуваат не подолго од она што е потребно за целите поради кои се обработуваат. Податоците кои ги обработуваме за купување на производите ги чуваме во согласност со временските рокови пропишани со закон или со интерните акти на компанијата и по остварување нa целта, истите се уништуваат/бришат.

Доколку сте дале согласност, ние ќе ги обработуваме вашите лични податоци се додека не ја повлечете согласноста. Кога ќе се исполни целта на обработката на лични податоци, податоците се бришат во секој случај. Во случај на водење на судски, административни или други постапки, личните податоци се чуваат се до завршување на тие постапки.

Во случај корисникот да се регистрира, компанијата Лисца д.о.о. Скопје внесените податоци до отповикување ќе ги користи за обработка на нарачките на корисникот, подготовка на порелевантни понуди и маркетинг анализи кои ќе помогнат да се подобри продажниот процес. Лисца д.о.о. Скопје податоците ги чува до отповикување или одјавување. Корисникот по писмен пат во секое време може да се одјави со праќање на меил на [email protected]. Во случај корисникот да сака да ја избрише корисничката сметка, електронското известување мора да ги содржи следните податоци: наслов на пораката треба да биде - Отповикување на сметка; во содржината на известувањето мора да се наведе име и презиме на корисникот, адреса и електронска адреса на која корисникот се регистрирал, пораката мора да биде испратена од електронската адреса од која корисникот се пријавил како регистриран член.

Пренос на личните податоци
Вашите лични податоци се чуваат во нашата веб страница и се пренесуваат до матичната компанија ЛИСЦА Словенија, кои што ја организираат продажбата на производите преку нашата веб страница. Лисца д.о.о. Скопје ги презема сите технички и организациски мерки во согласност со ЗЗЛП податоците да бидат целосно заштитени при нивниот пренос во Република Словенија, која како членка на ЕУ ја има усогласено својата легислатива за заштита на личните податоци со Општата Регулатива за заштита на личните податоци. Лисца д.о.о. Скопје преносот на личните податоци го уредува со посебна процедура за пренос на личните податоци во ЕУ/ЕЕП. За повеќе информации можете да се обратите до овластеното лице за заштита на личните податоци.
Лисца д.о.о. Скопје за пренос на личните податоци употребува SSL технологија, со која се кодираат сите информации испратени со нарачката. Податоците од платежните картички внесени од корисникот во случај на таков начин на плаќање се пренесуваат во кодирана форма од компјутерот на корисникот директно до авторизацискиот сервер на банката.

Купување како гостин
Доколку корисникот нарачката ја проследи како гостин, компанијата Лисца д.о.о. Скопје внесените податоци ќе ги искористи за обработка на испратената нарачка. Лисца д.о.о. Скопје како даночен обврзник мора согласно со член 86 од ЗДДВ да гарантира чување на сметки кои се однесуваат на испораката на стоки или услуги на територијата на Република Северна Македонија најмалку 10 години по истекот на годината на која се однесуваат сметките - а со тоа се чуваат и податоците кои се на сметката.

Кога се зачленувате за новости и добивање на попусти – е новости
Корисниците можат да се пријават за е-новости, со кои ЛИСЦА ДОО се до нивното отповикување им дава известувања за новитетите во понудата на веб страната и другите продажните места, за маркетинг активности и други промоции. Со пријавувањето на е-новости, корисникот се запишува во листата на приматели за е-новости, која истовремено е и база на корисници за погодности кои Лисца им ги нуди на своите корисници (попусти за лојалност, месечни наградни игри ...).

За пријава на е-новости Лисца д.о.о. ги собира следните податоци:
- e-адреса,
- IP адреса,
- а во случај ако корисникот се пријавува како регистриран член и име и презиме,
- адреса,
- телефон.

По поднесување на образецот од електронска адреса, корисникот на наведената адреса ќе прими порака за потврда со која се потврдува дека до отповикување ( таканаречен opt-in одобрение) е пријавен за Лисца е-новости. Секогаш можете писмено или со кликнување на копчето Одјави (таканаречен opt-out) во e-новости, да побарате од операторот на лични податоци трајно или привремено да престане со користење на вашите лични податоци за целите на директниот маркетинг. Повеќе информации за користење на вашите лични податоци за директен маркетинг можете да најдете во Политика за директен маркетинг.

Барањето ќе биде извршено во рок од 15 дена од денот на прием на барањето, како што е пропишано со закон. Корисникот може да побара пренос на податоците или запознавање со нив. Операторот Лисца д.о.о. се обврзува дека внимателно ќе ги чува податоците во согласност со законските прописи за заштита на личните податоци.

Е-новостите Лисца д.о.о. ги испраќа преку веб-апликацијата MailChimp.

Е - награди
Обработката на податоците кои се собрани со учество во наградните игри се регулира со правилниците за наградни игри.

Обрасци за контакт и посредување со е-пораки

Корисникот може специфичните прашања да ги постави на Лисца д.о.о. Скопје преку обрасци за контакт или електронски пораки објавени на веб-страницата и на тој начин му ги довери податоците на операторот. Тие ќе бидат искористени за решавање на прашања од корисникот. Е-адресите наведени на веб-страната не се лични, туку деловни и не се поврзани со едно лице. Информациите кои се посредени можат да ги обработуваат само овластени вработени - со цел брзо и ефикасно решавање на корисничките прашања. Со праќање на е-пошта преку веб-образец или на адресите наведени на таа веб страна, корисникот се согласува со општите услови за користење на веб-страниците Лисца д.о.о. Скопје.

Доставување информации до овластените партнери
Информациите што корисникот му ги доверува на операторот се доверливи. Лисца д.о.о. Скопје не ги посредува на неовластени трети страни. Личните податоци може да ги посредува на доверливи партнери или по законска должност, во согласност со важечкиот Закон за заштита на личните податоци. Податоците може да бидат посредувани на:
- ќеркински компании поради обработка на нарачката од купувачи поврзани со одредена компанија-ќерка;
- компании за обработка на податоци и информациски услуги кои обезбедуваат непречено функционирање на веб страницата и нејзино подобрување (пристап до сервер, e-mail маркетинг ...);
- маркетинг агенции за целите на понатамошен маркетинг (во криптирана форма)
- компании кои обезбедуваат непречен процес при купување (Paypal, служби за достава, итн) - но само до одреден степен кој е потребен за успешна достава на нарачката;
- Овластени институции, ако е така наложено со закон (суд, итн.).

Сите партнери кои имаат пристап до личните податоци обврзани се грижливо да постапуваат со нив во согласност со европското законодавство.

Поврзаност со социјалните мрежи
Со кликнување на иконата за одредени социјални мрежи (Facebook, Instagram) која се наоѓа на веб-страницата на Лисца д.о.о. Скопје, корисникот може лесно да пристапи до профилот на компанијата Лисца д.о.о. Скопје на социјалните мрежи како и до објави на други профили на социјалните мрежи со содржини поврзани со Лисца д.о.о. Скопје. Со клик на тие копчиња-икони на социјалните мрежи се овозможува на корисникот брзо да му се понудат релевантни информации согласно со веб активностите од страна на корисникот.

Вашите права како субјекти на личните податоци

Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:

- право да бидете информирани за обработката на личните податоци
- право на пристап до личните податоци
- право на исправка и бришење на личните податоци
- право на ограничување на обработката на личните податоци
- право на приговор

За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате овластеното лице за заштита на личните податоци.

Вашето право на поднесување на барање до АЗЛП

Доколку сметате дека Лисца д.о.о. Скопје и своите партнери при обработка на Вашите лични податоци ги повредува одредбите од ЗЗЛП, можете да поднесете барање до надзорниот орган Агенција за заштита на личните податоци.

Барање: https://www.dzlp.mk/node/3274

Влезете во светот на долната облека и костимите за капење

Ќе ви откриеме една тајна.

Кога ќе се регистрирате за нашите е-новости за прв пат, ќе добите купон со попуст од 10%, кој можете да го искористите при купување во онлајн продавницата.

Со пријавувањето, ни дозволувате да ви испраќаме неделни електронски билтени, со кои  ќе бидете во тек со сите новости и промоции. Не грижете се, ние ги чуваме вашите лични податоци безбедни. Исто така можете да се откажете во секое време.

 

Твоја Lisca

ПРИЈАВА ЗА Е-НОВОСТИ
© 2022 Lisca d.o.o. Сите права се задржани.