ОДРЖУВАЊЕ НА ДОЛНАТА ОБЛЕКА / НА КОСТИМИТЕ ЗА КАПЕЊЕ
Одржување на долната облека
Секоја жена со својата правилно избрана долна облека ќе биде повеќе задоволна и нејзината убавина подолго ќе трае. За да го задржи својот облик, боја , еластичност и сите други каратеристики, важно е да се внимава на правилното одржување и нега на долната облека. На пришиените етикети на секој модел се наоѓаат симболите за одржување, кои за жал, на многу жени не им се познати или при перењето не ги забележуваат.
Совети
- Долната облека, посебно онаа со вшиена жица, по правило треба да се пере рачно.
Но, современиот начин на живот и недостатокот на време не присилуваат поголемиот дел од долната облека и другата облека да ја переме во машина за перење. За да ја зачувате убавината на долната облека, перете ја во специјални вреќички, кои за време на перењето ќе го задржат обликот и изгледот на долната облека. - Се плашите дека вашата долна облека ќе се обои?
Тоа ќе го избегнете со тоа што белата, односно светлата долна облека никогаш нема да ја перете со облека во друга боја. Темната долна облека содржи повеќе боја, а препорачливо е првиот пат да ја исперете рачно со што ќе се отстрани вишокот боја. - Кај артикли со пенести корпи важно е премногу да не се туткаат, виткаат, кршат што доведува до деформирање на пенестата корпа.
Многу е важно машината за перење да не биде преполна, посебно кога се перат градници со пенеста корпа, бидејќи со тежината на облеката би можеле да се истуткаат. Кога градникот го вадите од машината за перење, убаво измазнете ги корпите пред да го ставите да се суши. - Општо правило е дека белата долна облека се пере со универзално средство за перење.
Кај моделите во боја треба да се користи детергент за осетлива долна облека. Омекнувач не се става бидејќи ја смалува цврстината на влакното и ја зголемува можноста долната облека со тек на време да се растегне. Освен тоа, додатоците во омекнувачот ги исполнуваат фините пори помеѓу влакната на материјалот со што се спречува испарување на влажноста како на почетокот. - Ниту една долна облека не се пере на највисока температура (90°C)!
Современите материјали и средствата за перење овозможуваат задоволувачка чистота и на ниски температури. - По перењето долната облека виси, но никогаш не ја сушиме на сонце.
Со изложеност на директна сончева светлина долната облека може да пожолти. Освен тоа, сушењето на воздух е многу подобро за долговечноста на долната облека отколку сушењето во машина за сушење. По сушењето, пеглањето на повеќето модели не е потребно, ниту препорачливо.
Одржување на костимите за капење
Кремите за сончање, морската и хлорираната вода во базените, во комбинација со сончевите зраци и топлината ги оштетуваат костимите за капење, најмногу еластинот и еластомерот во материјалот.
За да го продолжите векот на траење на производот, треба да се придржувате до упатставата за нега и одржување на истиот.
1. По секоја употреба костимот за капење исперете го рачно, а пред да го складирате препорачливо е да се испере во машина за перење на 30°C со поблаг детергент и добро да се исплакне за да се отстранат остатоците од креми, масла, морска и хлорирана вода, кои ги уништуваат фините еластомерни влакна, во спротивно може да дојде до нивно распаѓање.
2. Влажните костими за капење не ги пакувајте додека не се исушат потполно.
3. Костимите за капење не се чуваат во пластични вреќички.
4. Тврдите и сунѓерести корпи се перат така што се внимава да не се туткаат. Суви се ставаат една во друга со што ќе го зачуваат првобитниот облик.
5. Флуоресцентните и светликави бои под сончева светлина вообичаено губат од интензитетот.
6. Златните отисоци со текот на времето го губат својот сјај. Перете ги нежно со многу вода.
7. Присуството на маснотии (масла, креми за сончање, пот) го оштетуваат еластомерот, затоа секогаш придржувајте се кон упатствата за одржување.