Услови и правила
1. ОПШТИ УСЛОВИ
При купување купувачот во апликацијата изјавува дека ги прочитал и ги прифаќа Општите Услови и правила. Општите услови и правила ќе му бидат доставени на купувачот како прилог со пакетот или како прилог во е-пошта со која се потврдува склучувањето на договорот за купување. Овие општи услови им се достапни во секое време на корисниците на услугите на тој начин што им е овозможено нивно чување, повторна употреба и репродукција.
Содржината на Интернет страната lisca.com и сите нејзини варијанти (во натамошниот текст: lisca.com) се во сопственост на компанијата Лисца а.д. Прешернова 4, 8290 Севница, Словенија, а Лисца Скопје, Прашка 23, Скопје, Р. Македонија е фирма ќерка на Лисца а.д. Словенија и е сопственик на Интернет страните lisca.com.mk и lisca.mk.
Со употреба на Интернет страните lisca.com.mk и lisca.mk корисниците ги прифаќаат објавените општи деловни услови. Лисца д.о.о. Скопје и корисниците во согласност со овие општи услови ги регулираат меѓусебните обврски при купување во Интернет продавницата lisca.com.mk (lisca.mk).
Производите во Интернет продавницата lisca.com.mk (lisca.mk) можат да ги купуваат исклучиво корисниците од Р. Македонија.
Општите услови за продажба се во согласност со македонскиот закон.
Лисца д.о.о. Скопје го задржува правото да изврши измена на општите услови на Интернет страната lisca.com.mk (lisca.mk) во секое време и без претходна најава. Секоја измена на општите услови е обврзувачка за корисниците.
2. ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТИТЕ
Лисца д.о.о Скопје не презема никаква одговорност за можни последици при користење на Интернет страната lisca.com.mk (lisca.mk) и нејзината содржина.
Лисца д.о.о.Скопје го задржува правото за промена на содржината на Интернет страната без претходна најава и не презема одговорност од можни последици од тие промени. Лисца д.о.о. Скопје ќе настојува да прикаже најточни и најажурни информации, така да можните грешки на Интернет страната во поглед на цени, рокови на испорака, описи на производи и друго, не ги исклучува и за нив не презема никаква одговорност.
Фотографиите на производите се со илустративен карактер и не мора секогаш и во сите детали да соодветствуваат со вистинските производи. Поради можноста за индивидуално прилагодување на мониторите како и разликите во перцепција на боите гледани од човечкото око и сл. не можеме да гарантираме потполно согласување на боите на нашите производи со тоа како корисниците ги гледаат на својот монитор.
3. ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ПРАВОТО НА КОРИСТЕЊЕ
Преку Интернет продавницата lisca.com.mk (lisca.mk) можат да се купат производите кои се прикажани во Интернет продавницата lisca.com.mk (lisca.mk).
Во Интернет продавницата lisca.com.mk (lisca.mk) можат да купуваат исклучиво корисници од Република Македонија.
Нарачката преку Интернет продавницата е предадена кога корисникот ќе добие автоматска електронска потврда. Тоа електронско известување не е потврда дека производот го има на залиха и дека неговата испорака е започната.
Во случај кога нарачаниот производ го нема на залиха или нарачката не може да се изврши поради други причини, корисникот ќе биде известен по пат на e-mail.
Потврдените нарачки Лисца д.о.о. Скопје ќе ги смета за неотповикливи. Купувачот има право на еднострано раскинување на договорот во рок од 8 работни дена од денот кога потрошувачот го примил производот согласно член 92 од Законот за заштита на потрошувачите, Сл. весник 38/04.
Лисца д.о.о. Скопје може да ја одбие порачката или да не го испорача производот доколку утврди дека има злоупотреба на Интернет страната lisca.com.mk (lisca.mk). При нарачка на производ купувачот потврдува дека е запознаен и предупреден со општите услови за нарачка и купување.
Договорот за купување е зачуван во Лисца д.о.о. Скопје, а купувачот до договорот може да дојде во секое време преку својата сметка во Интернет продавницата.
4. Решавање на спор
Во случај на спор помеѓу Купувачот и Трговецот, евентуалните спорни прашања што ќе произлезат ќе се решаваат спогодбено, по мирен пат. Доколку тоа не е можно во тој случај надлежен ќе биде Основниот суд Скопје 2 Скопје на Северна Македонија.
5. ЗАШТИТА НА ПРИВАТНОСТА
Податоците кои корисникот ги внесува преку обрасци на Интернет страната lisca.com.mk (lisca.mk) или на некој друг начин (преку e-mail, телефон, итн.) се доверливи и заштитени согласно законските одредби.Личните податоци ќе бидат употребени само за таа намена за која корисникот ја дал својата согласност.
За заштита на личните податоци одговорен е и самиот корисник на тој начин што ќе ги заштити своето корисничко име и лозинка.
Лисца д.о.о. Скопје за пренос на личните податоци на корисниците користи SSL технологија (Secure Socket Layer), со кој се кодираат сите информации испратени со нарачките.
Исто така запознајте се со условите на Lisca е-продавницата за ВРАЌАЊА, ИСПОРАКА и начини на ПЛАЌАЊЕ
ОТКАЖУВАЊЕ ОД КУПУВАЊЕ во писмена форма
Купувачот има право во рок од 8 работни дена, во согласност со член 92 од Законот за заштита на потрошувачите да се повлече од купување со писмено известување на е-mail адреса [email protected] .
Рокот од 8 работни дена започнува да тече од денот на преземање/достава на нарачаната стока .
Во електронското пишано известување за откажување од купување на недвосмислен начин треба да се наведе одлуката на купувачот за откажување од купување (со ваше име и дата на испратената нарачка) и пополнете го образецот за откажување од купување кој ќе го најдете тука.
ВРАЌАЊЕ НА СТОКАТА
Ако купувачот веќе ја презел стоката и се откажува од купување, мора да ја врати во претпријатието во рок од 15 дена од денот на испорака/достава на стоката.
Лисца д.о.о. Скопје ќе изврши враќање на средствата во рок од 5 работни дена по приемот на образецот за откажување од купување. Лисца д.о.о.Скопје нема да изврши поврат на средствата се додека стоката не биде вратена.
При враќање производите мора да бидат неупотребувани, неоштетени и во оригиналната амбалажа со сите пришиени и висечки етикети.
Производите кои се враќаат да ни се достават уредно спакувани во картонска амбалажа.Производите кои се враќаат и кои се неуредно спакувана и кај кои дошло до видливо механичко оштетување при транспортот, нема да бидат преземени и ќе му бидат вратени на испраќачот.
Со вратениот производ задолжително во прилог треба да ни се достави сметката и пополнетиот образец за откажување од купување кој можете да го најдете тука.
Пратката испратете ја до:
Лисца д.о.о. Скопје
Прашка 23
1000 СКОПЈЕ
Трошоците за враќање на стоката се на сметка на купувачот.
За вратена стока не ги прифаќаме пратките со поштарина која треба да ја плати претпријатието.
Производ со печатени или везени мотиви направени само за вас не е можно да се менуваат или враќаат бидејќи производот е направен и прилагоден по желба на вашите лични потреби.
РЕКЛАМАЦИЈА НА КУПЕНА СТОКА
Лисца д.о.о. Скопје сноси одговорност за можните фабрички грешки (недостатоци) на производи купени во Интернет продавница lisca.com.mk (lisca.mk). Ако купувачот има каков било приговор согласно член 42 од Законот за заштита на потрошувачите, молиме да не извести преку е-пошта на адреса [email protected]
Потрошувачот задолжително во приговорот детално да опише за каква грешка станува збор со што ќе му овозможи на продавачот истата да ја провери.
Молиме купувачот да го пополни образецот за рекламација кој се наоѓа тука и пополнет да ни го достави со стоката за рекламација и сметката на адреса: Лисца д.о.о. Скопје, Прашка 23, 1000 Скопје(со достава до врата), со назнака Интернет продажба во рок од 15 дена од денот на писменото известување.
Нарачката за купување се чува во Лисца д.о.о. Скопје, а купувачот може во секое време да дојде до нарачката преку својата сметка во Интернет продавницата. По прием на производот кој што се рекламира Лисца д.о.о.Скопје согласно член 45 став 2 од Законот за заштита на потрошувачите во рок од од 8 дена писмено ќе ве извести дали рекламацијата е основана. Во случај рекламацијата да е основана истата ќе се решава согласно член 43 од Законот за заштита на потрошувачите. Во случај рекламацијата да не е основана стоката ќе биде вратена на потрошувачот. Производот коj се рекламира да ни се достави уредно спакуван во картонска амбалажа.Сите рекламации кои се неуредно спакувани и кај кои дошло до видливо механичко оштетување при транспортот нема да бидат преземени и ќе бидат вратени на испраќачот.Трошокот за поврат на стока за рекламација го покрива Лисца д.о.о.Скопје.
Достава
Купената стока се пакува во картонска амбалажа, а доставата се врши преку Карго експрес.
Поштарината за достава на пратката изнесува 100,00 ден. која се плаќа заедно со фактурата.
Периодот на испорака е од 3 до 5 работни дена.
Начини на плаќање
Постојат два достапни начини на плаќање за онлајн нарачки:
- во готовина при прием на пратка
- со платежна картичка при креирање нарачка
Плаќање при прием на пратка
Плаќање при достава се врши само со готовина. Не може да се плати со платежна картичка ако одберете опција плаќање при достава.
Плаќање со платежни картички - плаќање со Maestro, Mastercard, Visa и Diners картички издадени од сите банки. Доколку плаќате со картичка треба да знаете дека секоја направена трансакција подлежи на авторизација (период во кој парите на Вашата сметка се само резервирани, а не и повлечени од картичката), со цел да се потврди достапноста на нарачаниот производ.
Плаќањата со картички ќе се вршат преку безбеден интернет систем за плаќање Bankard - плаќањата се вршат во реално време со кредитни и дебитни картички и други начини на плаќање. Плаќањето е безбедно и нашиот систем не зачувува информации од вашите платежни картички како број, пин и слично.
Додека не се наплатат избраните производи се сопственост на Лисца д.о.о. Скопје. Лисца доо Скопје може да ги смени опциите за плаќање наведени на веб -страницата на Лиска.
Денарска конверзија
Сите плаќања се со пресметано ДДВ и се во денарска валута. За вредност на денарот ве молиме посетете ја Народната Банка на РСМ. Сите промени во валутата се одговорност на Народна Банка на РСМ.