Хулахопки

Show Filters
Филтери

Продукти 1-12 од 29

Постави опаѓачки редослед
Page
На страна
Хулахопки

Чорапите се омилен избор кога сакаме да се заштитиме од студ. Исто така, со чорапите ги заштитуваме стапалата од нечистотија и од непријатните материјали на вашите чевли. А може да ги користите и кога не сакате нозете да ви бидат разголени или сте поканети на некоја елегантна пригода.

РАЗЛИЧНА ДОЛЖИНА НА ЧОРАПИТЕ

Врз основа на вашиот животен стил, може да избирате меѓу различни должини на чорапите.

Хулахопките (чорапи со гаќички) се долги чорапи, кои ја прекриваат целата должина на ногата, почнувајќи од прстите на нозете до половината. Соодветни се за постудените денови за да ве затоплат. Бидејќи убаво ги обвиткуваат вашите нозе и половината, можете да ги носите и на специјални настани, зашто го разубавуваат обликот на вашите нозе.

Самодржечките чорапи се синоним за сексапилен изглед и завршуваат на средината од бедрата, каде што стабилно ги задржува силиконска лента. Додека ги носите, се чувствувате исклучително самоуверено.

Доколенките се чорапи што завршуваат- како што кажува самото име - под колената. Омилени се за носење под средно долги здолништа, зашто ги покриваат листовите од ногата. А може да се носат и под долги панталони во постудените денови, бидејќи може да бидат ефикасно решение ако не ви е пријатно само со долгите ногавици од панталоните, а не сакате да носите хулахопки.

Стапалките и кусите чорапчиња се чорапи што изгледаат како воопшто да ги немате. Доколку обожувате елегантни чевли со потпетица, сандали или можеби нешто друго, стапалките се вистински избор за вас. Не се лизгаат од ногата, не се туткаат и не се набираат. А ако сакате патики или некои други обувки што завршуваат на глуждовите, препорачливи се куси чорапчиња. Тие ќе ви ги заштитат петиците за да не добиете плускавци од рабовите на чевлите и ќе ви дадат чувство на леснотија при носењето.

КАКО ДА СЕ ОДРЕДИ ВИСТИНСКАТА ДЕБЕЛИНА

Хулахопките, самодржечките чорапи и доколенките се означени со единицата мерка ДЕН. Различните броеви значат различна дебелина.

  • < 30 ДЕН- проѕирни, невидливи
  • 30-40 ДЕН -полупроѕирни
  • 40-70 ДЕН - непроѕирни
  • > 70 ДЕН - подебели непроѕирни

За летните денови препорачуваме дебелина до 30 ДЕН. А за постудените есенско/зимски денови изберете хулахопки од 30 ДЕН, па нагоре.

Ако сакате да носите хулахопки или самодржечки чорапи, а сепак да оставите впечаток како да не носите и дека нозете ви се боси, изберете проѕирни невидливи со боја на кожа.

ИЗБЕРЕТЕ ЈА ВИСТИНСКАТА БОЈА ЗА СЕБЕ

Според тоа дали имате посветол или потемен тен, изберете ги и хулахопките или самодржечките чорапи. Земете ги во предвид и својата омилена боја и стилот на облекување. Имате на располагање црна и две нијанси од боја на кожа, посветла и потемна.

НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ ГИ ДЕТАЛИТЕ

Најпознати се класичните чорапи, односно хулахопките „најлонки“, а во светот на модата ќе најдете и различни пуш-хулахопки за обликување на телото, кои се приспособуваат на вашиот струк и колкови и убаво ги обликуваат. Можете да изберете хулахопки без шев, кои немаат шевови во горниот дел на гаќичките . А за да добиете изглед со кој ќе бидете забележани, дозволете си мрежести хулахопки или модерни хулахопки со точки.

ПРАВИЛНО ОБУВАЊЕ ХУЛАХОПКИ

1. Измијте ги рацете и извадете го накитот од нив. Обезбедете си доволно време - немојте да брзате. Хулахопките внимателно наберете ги по целата должина на палците од вашите раце.

2. Седнете, ставете ги хулахопките на нозете и од прстите, преку стапалата, рамномерно повлечете ги до колениците.

3. Внимавајте хулахопките да не се наберат на глуждовите, листовите и на колениците - нека бидат убаво оптегнати.

4. Полека и внимателно, со двете раце повлечете ги хулахопките по целата должина на нозете преку колковите, па до струкот.

Влезете во светот на долната облека и костимите за капење

Ќе ви откриеме една тајна.

Кога ќе се регистрирате за нашите е-новости за прв пат, ќе добите купон со попуст од 10%, кој можете да го искористите при купување во онлајн продавницата.

Со пријавувањето, ни дозволувате да ви испраќаме неделни електронски билтени, со кои  ќе бидете во тек со сите новости и промоции. Не грижете се, ние ги чуваме вашите лични податоци безбедни. Исто така можете да се откажете во секое време.

 

Твоја Lisca

ПРИЈАВА ЗА Е-НОВОСТИ
© 2022 Lisca d.o.o. Сите права се задржани.