Долна облека

Show Filters
Филтери

Продукти 1-12 од 839

Постави опаѓачки редослед
  1. Push up градник Harper

    As low as 1.311,00 ден Regular Price 2.339,00 ден Најниска цена во последните 30 дена: 2.339,00 ден
    Quickview
  2. Push up градник Harper

    As low as 1.311,00 ден Regular Price 2.339,00 ден Најниска цена во последните 30 дена: 2.339,00 ден
    Quickview
Page
На страна
Долна облека

Долната облека е најинтимниот дел од женската облека, па затоа избирајте ja во согласност со својата личност. Тоа не е само задолжителна секојдневна облека, туку влијае и на нашето расположение. Затоа што секоја жена сака да се чувствува убава! А за тоа нема ништо подобро од долна облека која одлично ви прилега и на вас изгледа фантастично. Без оглед дали избирате долна облека која удобно ќе ве следи во текот на работниот ден, или спортска долна облека за вашето активно слободно време, или секси долна облека за романтична вечер со партнерот... вистинскиот избор може да направи чуда, зашто за миг можете да изгледате одлично и така да се чувствувате.

ПЕТ СОВЕТИ КАКО ДА ИЗБЕРЕТЕ ДОЛНА ОБЛЕКА

1. Прашајте се што ви е потребно, а што посакувате

Доколку дури сега го откривате светот на долната облека, започнете од неколку комплети и парчиња со тантела во неутрални бои, како што се белата, црната и бојата на кожа. Тоа е основата за да изгледате добро, без оглед каква облека носите одозгора. Просечната жена во својата гардероба има 8 градници и 34 пара гаќички. За да ги задоволите секојдневните потреби, препорачуваме барем 3 градници (2 бели или со боја на кожа и еден црн) и 10 пара гаќички.

А ако во својот орман веќе ги имате основните парчиња, можете малку да експериментирате. Дозволете си секси црвена долна облека, проѕирен градник, или изненадете го партнерот со подврски (подвезици). Таквата долна облека навистина нема да ја носите секој ден, но сепак таквите парчиња ќе се покажат како добредојдени за некои особени пригоди.

2. Удобност и вашиот стил на облекување

Инвестирајте во модерни парчиња во кои ќе се чувствувате удобно и кои ќе бидат во согласност со вашиот стил на облекување. Дури и ако купувате долна облека за да го изненадите својот партнер, најпрвин вие морате добро да се чувствувате во неа. Кога ви е навистина удобно во долната облека и кога ја одразува вашата личност, само тогаш можете да ги воодушевите другите.

3. Долна облека според формата на телото

Пошироки бедра:

Горниот дел (рамениците и градите) на телото ви е потесен, а долниот (бедрата и задникот) – поширок. Изберете долна облека и облека која горе открива малку повеќе. Предлагаме елегантното женско боди да го „претворите“ во маичка или да изберете впечатлив принт кој ќе го одвлече вниманието на горниот дел од телото. А можете да се одлучите и за долна облека што ја обликува линијата на телото и пријатно ќе ве стегне преку бедрата и колковите.

Песочен часовник:

Кога би ги измериле вашите гради и колковите, ќе увидите дека се сразмерно пропорционални, а струкот е потесен и визуелно најизразен. Идеален избор за градбата „песочен часовник“ е се што ќе го нагласи струкот. Можете да изберете функционална долна облека, можете да се одлучите за комплет долна облека со халтер и држачи за чорапи, можете да носите високи гаќички, дури и боди може да го истакне вашиот струк.

Помали гради:

На малите гради не им е потребна голема поддршка, па затоа речиси секој модерен топ можете да го носите како припиена, кратка поткошула. Доколку градникот ви е без прерамки, тешко се задржува на место, па би предлагаме бралети и триаголни градници. Градите ќе останат на место, а ќе изгедате женствено и визуелно усовршени.

Поголеми гради:

Во случај на поголеми гради, изберете градник кој ќе ви даде добра поддршка и убав облик на деколтето, а покрај него и гаќички според вашата големина. Изберете функционални парчиња од истата серија и искомбинирајте уникатен комплет.

Совет: ако сакате визуелно да ги намалите градите, изберете „минимајзер“.

Пократко торзо:

Доколку горниот дел од телото ви е пократок во споредба со нозете, избегнувајте гаќички со висок струк, зашто уште повеќе ќе ги издолжат, а ќе го скратат торзото. Изберете пониски панталони за визуелно да го продолжите подрачјето околу стомакот. За ниски панталони потребна ви е и ниска долна облека, која нема да „ѕирка“ надвор.

Пократки нозе:

Ако имате пократки нозе и подолго торзо, нозете можете да ги продолжите визуелно со избор на „high leg“ или гаќички со висок струк. Со тоа облечете уште и краток топ, кој визуелно ќе ви го скрати торзото.

4. За каква пригода купувате долна облека?

Покрај облека за различни пригоди, добро е да се има и долна облека за различни пригоди. Во ноќите кога сакате само да се опуштите, симпатична долна облека од природни материјали, создадена за пријатно излежување, а во неа сепак да изгледате одлично.

За секојдневно носење инвестирајте во неколку убави комплети во неутрални бои, кои прилегаат речиси со целата ваша облека.

Ако ви се насмевнува специјална прилика, на пример Свети Валентин или викенд-пакет за уживање со партнерот, ви предлагаме да изберете нешто што прв пат ќе го види или што ретко го гледа, нешто секси и сензуално. Иако црната боја боженствено ќе изгледа на вас, не плашете се да експериментирате и со нови модели и бои.

5. Сезонска колекција на долна облека

Промената на годишните времиња бара и промена на долната облека. Студените зимски месеци се вистинско време за носење боди и маици, зашто во нив ќе ви биде топло. Изберете женствено боди со пенести корпи и спојте 3 парчиња долна облека (градник, маица и гаќички) во еден комплет или облечете маица обрабена со тантела... Можности има безброј!

Како создадени за зимските денови се и малку подебели чорапи, од 30 ДЕН-а па нагоре, зашто се потопли од класичните најлонки. И нешто толку основно, како што се чорапите, може да изгледа уште подобро ако промислено ја изберете завршната лента на струкот – со тантела.

Летниот период бара полесна облека која „диши“, а истото правило важи и за долната облека. Памук, тантела и мрежестите материјали се одличен начин да ја победите горештината. Бидејќи летото е време кога се покажувате во убави маички, туники и фустани, морате да се погрижите под тоа да имате убава долна облека, зашто сигурно ќе ви се гледаат прерамките, лентата на грбот или градникот. Притоа бидете модерни и нагласете ја својата личност. Што ве дефинира вас: градници со геометриски или цветни дезени? Тантела или проѕирни додатоци? Во што се чувствувате НАВИСТИНА добро? Можеби во гаќички што покажуваат повеќе од задникот? Или можеби во оние што покриваат? Дали сте љубителка на секси топ? Облечете ги и бидете свои!

Не плашете се да испробате и поживи, силни бои! Па летото е забавно, зашто не би била и вашата долна облека?

КАКО ДА СЕ ИЗБЕРЕ ВИСТИНСКАТА ГОЛЕМИНА НА ДОЛНАТА ОБЛЕКА

A: Измерете го опсегот под градите и одредете ја величината (65,70, 75, 80, 85... )

Големините се одредени така за да одговараат на опсегот +_ 2 см. Ако под градите измерите од 78 до 82 см, најверојатно ви одговара големина 80.

B: Измерете го опсегот на градите и ќе ја одредите корпата (A, B, C, D, E...)

Потоа таа мера споредете ја со порано измерениот опсег под градите. Доколку под градите сте измериле 80 см, а градниот опсег ви е 100, најверојатно ви одговараат D-корпи. Значи големината на вашиот градник е 80 D.

Ако градниот опсег е:

поголем од опсегот под градите за 12-14 см, најверојатно ви одговараат корпи А,

поголем за 14-26 см – корпи В,

поголем за 16-18 см – корпи С,

поголем за 18-20 см – корпи D,

поголем за 20-22 см – корпи Е,

поголем за 22 -24 см, корпи F.

C: Измерете ги колковите и одредете го конфекцискиот број

Доколку опсегот на вашите колкови е 96 см, најверојатно ви одговара конфекциски број 38.

Доколку опсегот на колковите е:

84-88 см , најверојатно ви одговара бројот (34)

89-93 см (36)

94-98 см (38)

99-103 см (40)

104-108 см (42)

109-108 см (44)

114-118 см (46)

119-123 см (48)

124-128 см (50)

129-133 см (52)

 

Влезете во светот на долната облека и костимите за капење

Ќе ви откриеме една тајна.

Кога ќе се регистрирате за нашите е-новости за прв пат, ќе добите купон со попуст од 10%, кој можете да го искористите при купување во онлајн продавницата.

Со пријавувањето, ни дозволувате да ви испраќаме неделни електронски билтени, со кои  ќе бидете во тек со сите новости и промоции. Не грижете се, ние ги чуваме вашите лични податоци безбедни. Исто така можете да се откажете во секое време.

 

Твоја Lisca

ПРИЈАВА ЗА Е-НОВОСТИ
© 2022 Lisca d.o.o. Сите права се задржани.