За тебе одбравме неколку практични совети како подолго да ја сочуваш бојата, обликот и еластичноста на костимите за капење. Без разлика дали си пливала во море или само си ги носела на плажа, одржувањето на костимите е секогаш исто.
Испери ги правилно
● Костимите за капење после плажа испери ги побрзо.
● Можеш да ги испереш рачно (до 30°C) и внимателно отстрани ги остатоците од кремите, хлорот, солта...
● Можеш да ги испереш и машински ( до 30°C) користејќи вреќичка за перење која ќе ги заштити.
● Користи детергент за обоени и осетливи материјали.
● Костимите на крај исцеди ги нежно.
Исуши ги правилно
● Костимите за капење суши ги во затворен простор или надвор под сенка.
● Ако е возможно испери ги со чиста слатка вода и исуши ги уште на плажа.
● НЕ ги суши на јако сонце.
Чувај ги правилно
● Да се чуваат чисти и потполно суви.
● Да НЕ се чуваат во пластична вреќичка.
● • Не заборавај по завршување на летната сезона убаво да ги здиплиш, а корпите да не бидат згужвани бидејќи долг период нема да ги носиш.
Прстофат нежност, лажица љубов и вистинска комбинација на состојки ќе помогнат долго да уживаш во своите костими за капење бидејќи ќе изгледаат како нови.