Пролетта е веќе тука и внесува свежина на продажните места. Новите колекции ќе ја надополнат вашата гардероба со свежи бои и тренди парчиња од новите колекции. Отсега новите модели ќе можете да ги купите во нашата новоотворена продавница на Lisca во Струмица.
Продавницата е уредена со посебно внимание за купувачите да се чувствуваат пријатно во неа.
Современата опрема и пријатната атмосфера се задолжени за посебно шопинг искуство, а понудата е особено разновидна, почнувајќи од долна облека, до удобни пижами и нови костими за капење во кои со сигурност ќе блеснете ова лето.
Колекцијата Lisca Selection ќе ве воодушеви со луксузна нота, колекцијата на Lisca Fashion е инспирирана од цвеќињата, а трендовските модели на колекцијата Lisca Cheek мамат со нежни нијанси на бои и романтична носталгија.
Колекциите се создадени за да се сакате себеси повеќе.
По повод отварањето ви нудиме попуст од -20% на целиот асортиман кој можете да го искористите од 05.05. до 06.05.2022.
Во галерија погледнете ја новоотворената продавница на Lisca во Струмица: