Немаш идеја за подарок за дечко или девојка? Lisca ќе ти помогне.

podarok za momče ili podarok za devojka
4 октомври 2023

Кога ќе ви снема идеи за подарок за него...


Дали сте меѓу оние кои ги боли глава размислувајќи за подарок за своето момче? Ве разбираме: да се пронајде совршен подарок за маж понекогаш може да биде многу тешко. Иако сте заедно со години и се чини дека го познавате одвнатре, барањето подарок за него може да биде стресно. Има годишнини, родендени, Божиќ, Денот на вљубените и некои други денови кога сакате да го расположите без посебна причина - а со текот на времето едноставно останувате без идеи.

Дечкото веројатно вели дека ништо не му треба, а подарокот од соништата би му бил Порше... Но бидејќи претпоставуваме дека вашиот паричник не дозволува толку скапи подароци, еве неколку одлични поевтини идеи што да му купите на вашето момче за Божиќ , годишнина или роденден за да го изненадите со нешто корисно и убаво

Кога немаш идеја од каде да и купиш подарок...

Факт: дури и да си момче, не ти е лесно. Денес, календарот на секој маж е полн со важни датуми за тоа кога се потребни подароци за жена и девојка за да избегнеш проблеми, едноставно не можеш да ги заборавиш. Родендените, годишнините и Божиќ се подразбираат, но за девојките треба да внимаваш и на Денот на вљубените и Денот на жената. Секако, таа воопшто нема да се налути ако ја изненадиш со нешто посебно и за Денот на мајката - на крајот на краиштата, таа е мајка на вашите деца.

Ако немаш идеја, во Lisca можеме да ти помогнеме. Собравме одлични идеи за тоа кој подарок за жена ќе ви ја разреши дилемата што да и купите за Божиќ, роденден, годишнина и сите други важни датуми кои веруваме дека ги паметите. Во продолжение ви претставуваме одлични производи од нашата понуда кои сигурно ќе ја израдуваат.

Ние ти помагаме да избереш подарок за него за различни пригоди

Најдобрата идеја за новогодишен подарок за дечко

Крајот на годината носи завршни забави, весели дружења, првите снегулки, но и  подарување. Без разлика дали во последен момент размислуваш што да му купиш на своето момче за Божиќ или одвојуваш време и темелно пребаруваш низ продавниците или на Интернет, купувањето во декември е особено стресно. Брзањето, гужвата и пред се недостатокот на идеи навистина можат да ве исцрпат.

За жал, немаме решение за брзањето и за гужвите,, но можеме да ти помогнеме со идеи за подарок за твојот маж. Пижамите се вистинска божиќна класика и доколку ги  избереш вистинските, овој подарок за него нема да биде ни малку досаден. Се разбира, пред да изберете, треба да одговорите на неколку прашања:

  • Кои бои најмногу ги сака твоето момче?
  • Дали има одреден дезен што му се допаѓа?
  • Дали момчето е со топла крв или е зиморлив?

Во Lisca имаме пижами со долги ракави и ногавици и летни комплети кои се достапни во повеќе бои. Посебно ти ги препорачуваме:

Машките пижами Poseidon се достапни во пет големини, вклучително и 2XL, па ќе одговараат и на мускулестите мажи. Можно е да избереш помеѓу долги ракави и ногавици и летна верзија со кратки ракави и ногавици.

Направени се од мешавина од памук и еластин. Горниот дел има кружен изрез околу вратот и е со дезен, а долниот дел е еднобоен и со џебови.

Замисли си го твојот маж во овие прекрасни пижами? Тоа е секако една од најдобрите идеи за подарок за дечко кој ја цени удобноста и квалитетните материјали.

 

 

 

Moška pižama poseidon

 

 

 

moska pizama poseidon

 

Има уште нешто што можеш да направиш за да го израдуваш своето момче овој Божиќ и да му дадеш малку божиќен дух дури и откако ќе помине Божиќ. Ти ги претставуваме празничните боксерки на Lisca Jolly во црвена божиќна боја. Мек материјал, совршен комфор и прилегање, и удобно широк појас... Дури и Дедо Мраз би бил среќен со овие боксерки, сигурно ќе се согласите дека се одличен подарок за дечко.

 

 

 

rdeče gate

 

 

 

 

 

 

 

moške gate

Идеи за роденденски подарок за дечко

Совршен роденденски подарок за маж? Немаме одговор на тоа прашање. Се зависи од твоето момче и неговите преференции. Можеби ќе биде среќен со одлична вечера или некое адреналинско доживување, а можеби претпочита материјални подароци.

Но, во нешто сме сигурни. На секој маж во животот му е потребна резервна долна облека. Затоа, што и да му купитш, не можеш да погрешиш со гаќи.

Особено ако се одлучиш за сет од три боксерки од нашата линија Argo, кои се одговорни за совршената удобност благодарение на мешавината од модални влакна, памук и еластин. Станува збор за модел кој одлично се вклопува и е практичен како за секој ден, така и за посебни пригоди. Посебно ни се допаѓа широкиот појас со логото на Lisca. Дајте му до знаење дека сте избрале удобност и словенечки квалитет како подарок за своето момче.

Мислам дека сите се согласуваме: нема ништо подобро од практичен подарок за маж, кој ќе го носи секој ден.

moške gate

 

Што да му купиш на дечкото за годишнина?

Се сакате, добро го познаваш и секој би помислил дека идеите за подарок ќе дојдат сами по себе. Но, вистината може да биде поинаква. Размислуваш, но добри идеи за подарок за твоето момче никаде ги нема.

А како би било за роденденот на твојот сакан да почнеш да размислуваш за себе? Во што би сакала да го видиш, што би те израдувало и тебе? Секси машка долна облека, секако!

Во Lisca ние сме доста добро упатени во оваа област. Во нашата понуда ќе најдете класични слип гаќи како и боксерки. Сега само треба да одговорите на прашањето што сака да носи вашиот сакан: обични гаќи или боксерки? Дали боксерите се стегнати или пошироки? Одговорот веројатно нема да биде тежок, само погледнете во неговата фиока за долна облека или прашајте го директно. Не грижи се, тие сигурно нема да се посомневаат дека собираш идеи за подарок.

Можеш да избереш посебно спакувани гаќи или оние во комплет од две или три, а на гаќите можеш да додадеш и долна маица која добро ќе му дојде во постудените денови. Целата наша колекција на машка долна облека се одликува со мек материјал направен од мешавина од модални влакна, памук и еластин, што гарантира удобно носење, совршено вклопување и секси изглед за твојот маж.

Што мислиш за овие боксери од нашата понуда? Можеш совршено да ги дополниш со оваа долна маица без ракави. Ако сакаш да ја зголемиш радоста, одбери комплет со повеќе гаќи. Навистина идеален подарок за дечко кој ќе му се допадне во секоја прилика.

boksarice

spodnja majica brez rokavov

Ние ти помагаме да го пронајдеш совршениот подарок за неа во различни прилики

Најдобриот новогодишен подарок за жени

Ако навистина постоеше Дедо Мраз, купувањето на подароци ќе беше премногу лесно, но бидејќи немаш натприродна моќ (барем мислам дека немаш), треба да се мачиш секоја година што да купиш за Божиќ. Очекувањата се големи, а исто така и притисокот - да одбереш божиќен подарок за сопругата и да го погодиш е приближно исто толку веројатно како да добиеш седмица на лото.

Но, не грижи се, за оваа година проблемот е решен бидејќи имаме одлична идеја за тебе за божиќен подарок кој ќе ја остави без зборови, со што ќе се увери дека има навистина одлично момче.

 

halja Mirabelle

 

 

Што велиш за оваа прекрасна наметка Mirabelle во боја на расцутени цвеќиња? Се надевам дека ќе те почестат барем неколку бакнежи кога девојката ќе го одвитка подарокот.

Ако твојата сакана не е премногу љубител на розова боја, можеш да избереш од многу други модели и бои. Нашите ноќници или наметки се удобни и практични, а со ременот за врзување, тие даваат топлина и пријатна мекост.

 

 

Прекрасен новогодишен подарок се и пижамите, посебно во ладните денови околу Божиќните празници. Ако се одлучиш да си подарежлив, покрај пижамите можеш да подариш и наметка Mirabelle или одбери нешто друго од нашата богата понуда.

 

pižama mirabelle

pižame

Што подарок да и купиш на девојката за годишнина

Твојата девојка сигурно ти значи сé на светот и се прашуваш како да и покажеш дека ја цениш и уживаш во врската со подарок за годишнина. Сигурно најбројни се моментите поминати насамо, но убедени сме дека ниту една девојка не би се спротивставила на уште некое материјално внимание.

Иако многу добро знаеш што и се допаѓа, што и треба, сепак е исклучително тешко да се најде тоа парче кое е совршено како неа и на кое пишува „Те сакам“. Значи, кој е идеалниот подарок за годишнината за девојка? Размислуваме во оваа насока: префинето, нежно, удобно и секси. Веќе знаеш на што целиме? На убава долна облека, се разбира!

Не знаеме од каде да почнеме бидејќи понудата на долна облека од Lisca е толку разновидна.

Дали е ова вашата прва годишнина? Тогаш ви препорачувам заводлива долна облека како од филм од нашата линија Sympathy со тантела во деколтето и префинети детали.

nedrček brez opore

nedrček z oporo

 

Дали долго време сте заедно и вашата врска стана рутина? Ништо не ја зачинува подобро од внимателно избрана долна облека. Особено ја препорачуваме линијата Amaze со префинет и исклучително заводлив крој.

 

Modrček s penasto košarico

Brazilke High Leg

Ова е идеалниот роденденски подарок за жени

Вечна дилема: што да и купиш на девојката за роденден? Еве го нашиот предлог: Спортската долна облека од Lisca. Сосема логичен избор доколку вашата девојка е спортистка, но и да не е, ти нудиме парчиња по најнова мода кои таа може да ги носи како сосема обична горна облека.

Целата наша линија на спортска облека е направена од удобен и растеглив материјал кој ја отстранува влагата и ѝ овозможува на кожата да дише. Станува збор за активна функционална спортска облека, погодна за спортски активности со помал интензитет. Како што веќе рековме, идеален е и за секој ден, на пример за излет на кој веројатно ќе ја однесете.

Športni modrček brez opore

Športne pajkice

Како да избереш подарок за Денот на вљубените

Всушност, секое парче од нашата понуда е одличен подарок за Денот на вљубените - речиси е невозможно да погрешиш. Единственото нешто што не препорачуваме е долна облека за обликување фигура - од очигледни причини. Освен ако тоа не е желба на девојката, подобро е да не ризикувате затоа што може погрешно да го разбере подарокот.

Доколку ви треба уште некој совет за подарок за девојка, во написот Долна облека за вљубените со која кажуваш ДА на љубовта, наведени се одлични идеи за подарок за вљубените во зависност од времетраењето на вашата врска.

И уште една посебна препорака: запознаени ли сте со заводливите babydoll ноќници од нашата понуда? Дизајнирани се како лесен градник со долг горен дел. Погледни ја понудата на линкот и одбери го идеалниот модел за твојата девојка.

Кога наоѓањето на идеален подарок за твојот партнер е едноставно...

Овогодинешната мисија на Lisca е да им помогне на сите да го најдат идеалниот подарок за својот партнер. Всушност, сите наши производи можат да бидат одличен подарок за маж или жена, но нашата понуда е навистина разновидна, па затоа сакавме да го олесниме вашиот избор со горната листа. Се надеваме дека нашите идеи за подарок за дечко или девојка ќе ви помогнат и ќе ви ги решат сомнежите околу изборот на подарок. Среќен шопинг!

© 2022 Lisca d.o.o. Сите права се задржани.