Модна приказна со Ребека

Модна приказна со Ребека
14 март 2024

Дали некогаш сте помислиле дека при дизајнирање на својот стил, наместо накит, главната улога ќе ја преземе долната облека? Нека стане ваш моден додаток. Ребека Глиха смело си поигра со стилските комбинации во модната приказна.

Како би се претставила?

Јас сум Ребека Глиха. Ја сакам и дишам со модата. Од кога се сеќавам, се изразувам преку облеката,не постои ден добриот стајлинг да не ми го разубави и да ме исполни со енергија. Кога ќе сумирам се: Јас сум девојка која не само што ја сака модата, туку и ја создава, инфлуенсер и моден консултант.

 

Каков е твојот стил на облекување?

Кога станува збор за облеката, сакам да размислувам надвор од рамката, па постојано посегнувам по различни парчиња и ги комбинирам едно со друго. Заедничко им е тоа што потсетуваат на осумдесеттите и деведесеттите, дека се класични и во исто време модерни и дека можат да се комбинираат на различни начини. Единствено за мене е тоа што сакам да посегнам по машките линии, а потоа да ги оживувам со парчиња кои зрачат со женственост и енергија што ја имаме само ние жените.

Кое парче облека не треба да недостасува во ничија гардероба?

Гаќичките без шевови се парче кое секој треба да го има.

 

Кое е твоето омилено парче на облека?

Црни секси гаќички.

Што го инспирираше твојот стилски избор за фото сесијата на Lisca?

Дефинитивно сакав да покажам која сум и кој е мојот препознатлив стил на облекување. Во стајлингот може да препознаеме многу винтиџ шмек кој моментално ми е омилен. Инспирирана сум од машките линии, пред се oversize блејзерите, кожените јакни од осумдесеттите, раменици со потпунки и златни додатоци во комбинација со трендовите кои можеме да ги видиме на модните ревии во моментов.

 


© 2022 Lisca d.o.o. Сите права се задржани.