Кошаркарки во модна приказна

Кошаркарки во модна приказна
14 јуни 2023

Спојот на спортот и модата создава освежувачка синергија помеѓу два различни света. Синергија во која се спојуваат силата и убавината на жената.

Домаќин на овогодинешното Европско првенство за жени во кошарка Eurobasket е Словенија, а кошаркарките на словенечката репрезентација овојпат ги видовме во нова улога - пред фото објективот.

Дека добро се снаоѓаат не само на спортскиот паркет, туку и пред фото објективот, доказ се и фотографиите направени во соработка со компанијата Lisca , која е спонзор на словенечката женска кошаркарска репрезентација и натпреварувањето Eurobasket 2023 година.

Четири репрезентативки на Словенија: Ева Лисец, Хана Ивануша, Ајша Сивка и Ева Рупник пред фото објективот ја покажаа својата енергична страна благодарение на младешките комбинации од претстојната есенска колекција на Lisca. Спортски, енергично, младешки и со „фанки“ шмек.

Во тренди облека кошаркарките блеснаа со сила и самодоверба, ја покажаа својата женственост и докажаа дека умеат добро да шутираат без разлика каков стил ќе изберат.

 

Фотографии: Lisca

© 2022 Lisca d.o.o. Сите права се задржани.