ДЕН ЗА МЕНЕ

ДЕН ЗА МЕНЕ
3 октомври 2023

Во витешката сала и под аркадите на замокот во Марибор, Словенија, се одржа настанот “Ден за мене”. Настанот беше наменет за деловни жени, менаџерки, жени од правни, образовни, сметководствени и други области, жени кои во секојдневниот метеж поради бројните обврски често забораваат да се грижат за себе и да се чувствуваат добро физички и психички. Се дебатираше на темите: како да се балансира личниот и професионалниот живот, кои се актуелните модни трендови и грижата за сопственото здравје.

Настанот го одбележа и модниот танцов перформанс на Lisca. Во друштво на атрактивни танчарки од групата Artifex, Lisca ги претстави актуелните трендови од есенската колекција на долна облека, а танчарките танцуваа во облека на Lisca.

Манекенскиот тим  го сочинуваа различни жени, не само манекенки. Помлади, зрели, витки или со раскошни облини. Студентки, деловни жени, манекенки или пејачки, мајки и ќерки... Секоја од нив има своја приказна, секоја е единствена и секоја е прекрасна.

Lisca ги поттикнува жените да го прифатат и сакаат своето тело какво што е. Со изборот на вистинска долна облека може да ја  подигнеме самодовербата без разлика на градба, возраст или начин на живот и да ја искористиме за да ја истакнеме нашата природна убавина. Имено, убавината доаѓа од самосвесноста и прифаќањето на сопственото тело.

#BodyPositivity

#ProudToBeMe

© 2022 Lisca d.o.o. Сите права се задржани.