На 17.05.2023 повторно ги отвораме вратите на продавницата на Lisca во Куманово. Продавницата е уредена со посебно внимание за купувачите да се чувствуваат пријатно во неа.
Современата опрема и пријатната атмосфера се задолжени за посебно шопинг искуство. Во својот обновен имиџ нуди голем избор на модерна долна облека, костими за капење и пижами.
Сигурни сме дека ќе го пронајдете идеалниот модел за себе.
Костимите за капење се дел од летната гардероба, и затоа е важно да бидат удобни и убаво да се чувствувате во нив. Покрај тоа, тука се и различните бои и дезени, а се надополнуваат со разни додатоци, па можете да го изберете својот стил и да создадете свој летен имиџ.
По повод отварањето ви нудиме попуст од -20% на сите артикли од понудата на Lisca кој можете да го искористите од 17.05. до 19.05.2023.
Во галерија погледнете ја реновираната продавница на Lisca во Куманово.